Изработка на програма за енергетска ефикасност на Град Скопје

Целта на овој проект е изработка на три годишна програма за енергетска ефикасност на Град Скопје за периодот од 2018 до 2020 година. Програмата вклучува 41 објект (образовни институции, јавни и културни институции, возен парк, јавно осветлување) и ќе даде план за реконструкција на истите. Проектот се очекува да заврши во декември 2017 година.

Регионална Конференција: Заштеда на енергија – Обработка на податоци

На 6ти јули 2017 година во Скопјесе одржа конференцијата „Заштеди на енергија – Обработка на податоци“, како дел од Хоризонт 2020 проектот мултЕЕ, организирана од МАЦЕФ, ГИЗ и Агенција за енергетика на Република Македонија. Конференцијата се организира во време кога енергетиката зазема најважно место во агендите на земјите во светот, а за Македонија има особено […]