GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк

Во месец август соработката помеѓу МАЦЕФ и ХАЛКБАНКА, во однос на реализација на ГГФ Проектот во Република Македонија, продолжи со истиот интензитет како и во
изминатиот период. На 11.08.2015 претставници од МАЦЕФ и ХАЛКБАНК беа на информативен состанок во фабриката Благој Ѓорев во Велес, со цел утврдување на можноста за искористување на поволностите кои ги нуди кредитната линија.
На состанокот беше утврдено дека потребно е да се направи листа на мерките кои се предвидени да се спроведат во кругот на фабриката, а потоа е потребно да се класифицираат на стандардни и нестандардни мерки за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија. Стандардните мерки се со дефинирани услови, за овој тип на мерки нема потреба да се изработи детална енергетска контрола, во нив спаѓаат реконструкција на објектите и евалуацијата ја прават службениците за заеми од ХАЛКБАНК. Нестандардните мерки се мерки за кои е потребно да се изработи детална енергетска контрола, евалуацијата ја прават енергетски инспектори, во овој тип на мерки спаѓаат мерките за подобрување на индустриските процеси и сл.
Потребно е да се нагласи дека при евалуацијата на двата типа мерки се утврдува степенот на зголемување на енергетската ефикасност и нивото на намалување на емисиите на CO2 за најмалку 20%. МАЦЕФ по втор пат е избран како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој!ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и
обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk.

Posted in Проекти, Тековни проекти.

Саше нема био за сега