Дијагностички мерења

Градежни и технолошки процеси

МАЦЕФ располага со мерни уреди за вршење на енергетски контроли како и дијагностички мерења со кои прецизно може да се утврди следното:

  • контрола на топлинска пропустливост на градежни објекти преку дијагностичко снимање со термовизиска камера
  • континуирано регистрирање на температура и влажност на воздух со data logers
  • континуирано регистрирање на температура на гасови, течности и цврсти материјали во технолошки процеси
  • контрола на согорување (кпд) на котелска постројка со подесување на горилниците
  • мерење на број на вртежи
  • мерење на линеарна брзина
  • мерење на влажност на воздух (дигитално, аналогно)
  • мерење на ниво на осветленост
  • мерење на ниво на звук
  • мерење на диференцијален притисок
  • мерење на брзина на струење:

                  a. во отворен простор

                  b. во климатизациони канали (контрола на проток на воздух)

  • контрола на pH вредност и електрокондуктивитет на вода

МАЦЕФ располага со мобилни системи за мерење на состојбата во внатрешен и надворешен простор, кои регистрираат промена на состојба на мерени големини на секои 15 минути, во времетраење од повеќе месеци, и тоа на: температура, влажност на воздухот и нивото на осветленост.

По сите мерења се врши компјутерска обработка на податоците и се доставува извештај од мерењата во табеларна форма (EXCEL табели) или графички прикази, како и толковен дел од страна на обучени лица за ракување со мерната опрема и толкување на наодите.

Графички приказ од мерење спроведено во гимназијата „Мирко Милески“, општина Кичево.

merenja1

Сликовен и графички приказ од мерење со термовизиска камера на зградата на основното училиште „Ѓоргија Пулевски“, општина Аеродром, Скопје.

merenja2  merenja3

merenja4

 

Избор од мерната опрема:

  1. Термовизиска камера

Камерата располага со моќен инструмент за анализа , двоен приказ, ласерски одредувач на правец, визуелна камера така што претставува идеална алатка за дијагностички одржувања, мерења, како и контрола на објекти.

merenja5 merenja6


2. Универзален мерач на вредности со потреба од надворешна сонда, (пресметка, активен волуменски проток, диференцијална температура, пресметка на енталпија). Уредот е придружен од сонда за мерење на осветленост.

merenja7   merenja8


3. Мерач на ниво на звук во рамки од 32-80 db, 50-100 db како и 80-130 db.

merenja9


4. Инструмент за мерење на проток на гас


5. Фото – тахометар за мерење на број на вртежи и линиска брзина од 50 до 10 000 врт/мин.

dij_mer_clip_image002_0001


6. Анемометар за мерење на брзина на струење на воздух низ вентилациони канали и отвори и мерење на брзина на ветер. Опсегот на работна температура на инструментот е од -20 °C до +60 °C.

dij_mer_clip_image002_0002


7. Термометар (-40 °C…+800 °C)

dij_mer_clip_image002_0003


8. Термометар (-40 °C…+1200 °C)

dij_mer_clip_image002_0004


9. Мерен инструмент за релативна влажност

merenja12


10. HOBO® Температура/релативна влажност мерач-континуирано во подолг временски период

merenja13


11. Мерач на електрокондуктивитет

Име                                      Опсег

CDH-1x                               10-1990 ppm

CDH-2x                               10-1990 μS

CDH-3x                               10-19.9 mS

Instrument za Elekrokonduktivitet


12. Мерач на диференцијален притисок од 0-199,9 hPa


13. Инструмент за мерење на pH вредност на водата (киселост, базичност)

Опсегот на мерење на инструментот е од 0.00 до 14.00 pH.

dij_mer_clip_image002_0000

 

Posted in Услуги.