WIDE THE SEE

gore

Сончевата енергија е чиста и безбедна. Секогаш достапна и бесплатна: причините за употреба на сончевата енергија за топлински потреби се многубројни. Во некои земји во Европската унија, како што се Грција и Австрија, употребата на сончевата енергија за греење и добивање на топла вода е широко распространета. Но, во некои земји помалку се користи. Проектот ” Зголемување на употребата на сончевата енергија за топлински потреби преку успешни модели” – започна со цел да ја зголеми употребата на овој пријателски настроен кон околината и одржлив извор на енергија во повеќе европски земји.

Проектните партнери од единаесет земји од ЈИЕ (Југоисточна Европа) ќе:
-развијат општа заедничка политичко и финансиско опкружување за успешно проширување на употребата на сончевите колектори за топлински потреби
-развијат кампањи за подигнување на свеста кај жителите и други целни групи
-спроведуваат кампањи за надградување на знаењата на монтерите
-ги истражат разликите и пречките за развој на пазарот за сончеви колектори за греење и добивање на топла вода во станбените објекти.
Проектот ‘Проширување на ЈИЕ преку успешни модели’ цели кон задоволување на енергетската побарувачка преку употреба на сончева енергија за топлински потреби, намалување на емисијата на стакленички гасови и создавање нови работни места во обновливиот енергетски сектор. На www.widethesee.eu ќе има повеќе информации во врска со проектот кој ќе заврши до 2012 год.
Проектни партнери:
-Италија
-Словенија
-Романија
-Грција
-Бугарија
-Унгарија
-Австрија
-Молдавија
-Украина
-Хрватска
-Македонија

Posted in Завршени проекти, Проекти.