Поддршка во имплементација на Одржливи ЕЕ заеми – Фонд Зелено за развој

Име на клиентот: Oppenheim Asset Management Services

Потекло на финансирање: Фонд Зелено за развој

Датум (почеток/ крај): 03/2011 – во тек

Детален опис на проектот:

Поддршка во имплементација на Одржливи ЕЕ заеми

 Мисијата на Фондот е да се придонесе во форма на јавно-приватно  партнерство со слоевит ризик / структура на враќање, за подобрување на енергетската ефикасност (ЕЕ) и поттикнување на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во регионот на Југоисточна Европа меѓу кои и Турција, претежно преку обезбедување посветено финансирање на бизнисите и домаќинствата преку партнерство со финансиските институции и директни финансии.

Се поставува ЕЕ и ОИЕ кредитирање, како и поддршка на компаниите во форма на енергетски контроли или имплементација на ЕЕ и ОИЕ проекти преку обезбедување техничка помош со добро прилагодена техничка поддршка за градење на капацитетите на партнерските институции.

Тип на обезбедени услуги:

  • Маркетинг на кредитната линија во Република Македонија;
  • Избор на експерти за вршење на енергетска контрола во објекти и процеси
  • Организирање на обука за контролори
  • Одобрување на сите извештаи за реализирани енергетски контроли
  • Одржување на книга за регистрирање на реализирани проекти
  • Развој на мрежа на прифатливи енергетски проекти;
  • Помош во развојот на енергетски проекти со поддршка на потенцијалните кредитокорисници за идентификување на соодветни можности за инвестирање и развој на енергетски контроли
  • Обезбедување дека сите енергетски проекти ги исполнуваат критериумите поставени од страна на банката и помош на задолжувачи со подготовка на барањата за кредити на ЕБОР;
  • Воспоставување на ефикасно следење, мониторинг и систем за известување.

 

Posted in Енергетска ефикасност, Обуки, Референци and tagged .

Саше нема био за сега