WeBSEFF: Програма на ЕБОР/ЕУ за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан

Име на клиентот: E3 International

Потекло на финансирање: ЕБОР

Датум (почеток/ крај): 2010/2012

Детален опис на проектот:

Целта на WeBSEFF- Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан – е да се обезбеди финансирање на локалните индустриски МСП (на “задолжувачи”) за индустриска енергетска ефикасност и (мали) проекти за обновлива енергија за земјите од Западен Балкан. Програмата е поддржана од ЕБОР со до 60 милиони евра; поединечни заеми на Програмата  обично се помеѓу 0,1 и 2 милиони евра. WeBSEFF ги користи внатрешните ресурси на ЕБОР за оценка на проектите и донесување одлуки, а се потпира на консултанти (Конзорциумот предводен од Е3 International) за развој на бизниси, подготовка на енергетски проекти / верификација, како и други технички и правни задачи. Општата цел на оваа задача е да се помогне во започнување и спроведување на програмата WeBSEFF во подобните земји. Со обезбедување на финансирање за енергетски проекти, се очекува Програмата да започне самоодржливост на пазарот за инвестиции во мали одржливи енергетски проекти во Западен Балкан.

Тип на обезбедени услуги:

  • Маркетинг на Програмата во Република Македонија;
  • Развој на мрежата на прифатливи енергетски проекти;
  • Помош во развојот на енергетски проекти со поддршка на потенцијалните кредитокорисници во идентификување на соодветни можности за инвестирање и развој на енергетска контрола и / или Планови за рационално искористување на енергијата
  • Обезбедување дека сите енергетски проекти ги исполнуваат критериумите поставени од страна на банката и помош на задолжувачите со подготовка на барањата за кредити до ЕБОР;
  • Обезбедување дека задолжувачите кои предлагаат енергетски проекти се во согласност со националните и применливи стандарди на ЕУ, стандарди за животната средина, здравјето, безбедноста и стандарди на трудот;
  • Воспоставување на ефикасно следење, мониторинг и систем за известување;
  • Кревање на свеста на задолжувачите за намалувањето на емисиите на стакленички гасови, кои се добиваат од енергетскиот проект.

 

Posted in Енергетска ефикасност, ОИЕ, Референци and tagged .

Саше нема био за сега