УНДП обука на општините

Име на клиентот: УНДП

Датум (почеток/ крај): 06/2010 до 10/2010

Детален опис на проектот:

“Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор”

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) му помага на Министерството за животна средина и просторно планирање за спроведување на проектот “Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор”. Проектот е една од трите компоненти на програмата за енергетска ефикасност, финансиран од Австриската развојна соработка, а има за цел да овозможи околина за ублажување на климатските промени во земјата, преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, како и подобрување на свеста и градење на капацитети на релевантните заинтересирани субјекти.

Главни резултати на проектот се: попис на јавни објекти и развој на динамична база на податоци,најефикасните инвестиции – идентификувани програми ориентирани кон ефикасно користење на енергијата и развиени програми за енергетска ефикасност за јавни згради во избрани општини.

Комплементарни на климатолошките податоци, проектот ќе се собере информации за јавните објекти во секоја општина, односно вистинските податоци на електрична и топлинска енергија, потрошувачката на вода, изградена површина, број на луѓе кои ги користат објектите, режим на употреба на објектите, тип на градба и година на и други релевантни информации кои се потребни за компонентата 2 од програмата за енергетска ефикасност и кои беа идентификувани во консултативна работилница составена од претставници од сите општини во земјата.

Тип на обезбедени услуги:

  • Изработка на детални наставни програми,
  • Развивање на компендиум за обуката
  • Обука за животната средина и за енергетската ефикасност на претставници од 85 општини на теми како што е наведено подолу:

 

  • Предности за спроведување на мерките за енергетска ефикасност;
  • Сродни ЕУ и национални закони (европските директиви, националните закони, под-законски акти и законодавство во врска со енергетската ефикасност за имплементација на проекти на општинско ниво);
  • Најдобри практики за спроведување на енергетска ефикасност и обновливи енергетски проекти во општините во земјата и ЕУ;
  • Конкретни мерки за заштеда на енергија во јавни објекти:
  • топлинска заштеда
  • заштеди на електрична енергија
  • Видови на системи за енергетска ефикасност и обновлива енергија расположливи во земјата;
  • Преглед на средства за финансирање на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во земјата;

Механизам за чист развој – вмрежување, можности за имплементација на локално ниво, регионални најдобри практики и подготовка на ПИН-ови.

Posted in Енергетска ефикасност, Обуки, Референци.

Саше нема био за сега