Акциски план за одржлива енергија за Град Скопје – „ Градење капацитети за управување со енергијата во градовите Загреб, Подгорица, Сараево и Скопје”

Име на клиентот: Град Скопје

Потекло на финансирање: ГИЗ – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit

Датум (почеток/ крај): 06/2010 до 05/2011

Име на партнери: РЕГЕА Хрватска

Детален опис на проектот:

Градовите Загреб, Сараево, Подгорица и Скопје го започнаа регионалниот проект ” Градење капацитети за управување со енергијата во градовите Загреб, Подгорица, Сараево и Скопје ” инициран и финансиран од ГТЗ ОРФ-Е.

Една од главните задачи на проектот вклучува развој на Акциски план за одржлива енергија, специфичен за секој град

Освен Акцискиот план, другите цели на проектот се:

  • Градење на човечки, организациски правни, процедурални и спроведувачки капацитети за локално управување со енергијата во согласност со најдобрите практики на ЕУ
  • Споделување на знаење за имплементација на целите поставени од страна на иницијативата Спогодбата на градоначалниците врз основа на мерење на ефикасноста
  • Овозможување градовите да се приклучат на иницијативата Спогодба на градоначалниците
  • Обезбедување обука и високо ниво на едукација на теми за управување со енергија на претставници од градовите;
  • Обезбедување на платформа за регионален дијалог, размена на информации, размена на знаења, поврзување со ЕУ и процедури за финансирање од страна на трети лица;
  • Подигање на свеста на градските власти и нивните улоги од енергетски аспекти како:
  • потрошувачите и давателот на услугата;
  • планер, инвеститор и регулатор;
  • советник, мотиватор и пример за другите;
  • производител и снабдувач,
  • Поддршка на процесот на приближување и интеграција на предложените земји кон EU;
  • Креирање и зголемување на синергијата преку границите.
Тип на обезбедени услуги:

Развој на нацрт на Акцискиот план за одржлива енергија

  • Анализа на специфичната потреба од енергија на градот
  1. Собирање на општи податоци за Градот Скопје (статистички податоци на населението и растот, географски специфики и користење на земјиштето, како и други потребни податоци);
  2. Истражување на податоци за моментална потрошувачка на енергија и други енергетски факти;
  3. Проценка на идна побарувачка за енергија и емисијата на стакленички гасови за градот Скопје (минимум за периодот до 2020 година) со цел да се идентификуваат идните можности за ЕЕ и ОИЕ
  • Опис на видови на предвидени активности, вклучувајќи:
  1. Целните области на подобрување на:
  1. Планирање на мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ) (упатени кон релевантните сектори во Град Скопје, на пример, јавни објекти, транспорт, индустрија); можности за употреба на обновливи извори на енергија (ОИЕ);
  2. Природата на иницијативите кои треба да бидат планирани од страна на градот, со опсег на:
  1. Опширни акции;
  2. Развој на поединечни иницијативи, најчесто за промовирање на цели (на пример, пилот проекти во областа на ЕЕ / ОИЕ);
  • Критериуми усвоени за избор и оправданост на активностите кои би биле вклучени во финалната верзија на Акциониот план, вклучуваат:
  1. анализа на трошоци-придобивки
  2. конзистентност и усогласеност со тековните локални програми.
  3. постоење на докажани технологии врз кои акциите ќе се базираат,
  • Дополнителни информации кои се потребни за да се оцени можноста за акции и да се одлучи за вклучување на акциите во финалната верзија на Акциониот план, вклучувајќи:
  1. Можни измени и дополнувања на законската рамка
  2. Можни индикатори (јавен сектор, приватниот сектор, ..) за акциите,
  3. Проценка на средствата потребни за извршување на предложените акции, спектар на можности за финансирање и постојните механизми за финансирање кои може да се искористат (јавни / приватни програми).

Развој на финалната верзија на Акциониот план за одржлива енергија

 

Posted in Енергетика, Енергетска ефикасност, ОИЕ, Референци, Стратешки документи.

Саше нема био за сега