Национална стратегија за енергетска ефикасност до 2020 година; Развој на првиот Национален акциски план за енергетска ефикасност; Едукациона јавна кампања

Име на клиентот: IRG/ASE

Датум (почеток/ крај): 03/2009 до 09/2010

Име на партнери: International Resource Group и Alliance  to Save Energy

Детален опис на проектот:

Под американско-грчката економска и трговска соработка комисија, Американската агенција за меѓународен развој и Грчката помош, преку нивните имплементациони екипи од IRG, заедно со Алијансата за заштеда на енергија и Центарот за обновливи извори на енергија (CRES) и регионални партнери, заеднички ја спроведуваат SYNENERGY работната програма за да и се помогне на Енергетската заедница. Како дел од помошта на УСАИД во SYNENERGY рамката, тимот на IRG спроведува 3-годишен проект за УСАИД насловен Регионална енергетска безбедност и развој на пазарот, а опсегот на работите ја вклучува Југоисточна Европа и набљудувачите од земјите Украина, Молдавија и Грузија. Проектот се состои од 5 главни задачи, со преклопување и комплементарни активности.

Тип на обезбедени услуги:

Подготовка на Стратегија за енергетска ефикасност до 2020 година за Република Македонија.

  • За предложените нови мерки за енергетска ефикасност се развива и снабдува македонкото стратешко планирање со податоци кои се неопходни за спроведување на симулации во MARKAL моделот;
  • Врз основа на наодите од моделирањето, додадени се специфични, детални активности на мерките за енергетска ефикасност предложени погоре;
  • Идентификување на потребите за предлзи и обезбедување на МЕ со подзаконски акти и прописи кои треба да бидат усвоени и применети во надградената Стратегија за ЕЕ и соодветно транспонирање на Директивите на ЕУ
  • Превод на наодите од вежбите за Стратегијата за ЕЕ во факти и бројки, особено поставување на целите за заштеда на енергија во секторот згради.
  • Подготовка на првиот Национален акционен план за енергетска ефикасност
  1. Методологии за проценка на потрошувачката на енергија, потенцијал за ЕЕ во објектите; понатамошни акции за развој на долгорочната национална програма за заштеда на енергија и соодветниот Акциски план и законодавни документи за промовирање на ЕЕ;
  2. Препораки за реални национални ЕЕ цели врз основа на идентификуваниот потенцијал за заштеда на енергија во зградите и нивните под-сектори.
  3. Насоки за следење и оценување на напредокот на имплементација на Националниот акциски план за енергетска ефикасност;
  4. Составување на показни „од врвот надолу“ и „од дното-нагоре“методологии за проценка на потрошувачката на енергија во станбени, јавни и комерцијални објекти.
  5. Овие документи се прифатени како официјални документи на Република Македонија
  • Развивање на пакет на материјали за јавното образование и теренски материјали за подигање на свеста и знаењето како во владата така и на граѓанското општествоМАЦЕФ помагаше на партнерите во Босна и Херцеговина (RERTC), во развивање материјали подигање на свеста, вклучувајќи програми за Зелени училишта, материјали за обука за училишни инструктори и ресурси за во училница за сеопфатен програм за енергетска ефикасност.
  • Беше инструктор и тренер за други колеги под SYNENRGY програмата. МАЦЕФ разви материјали (документи, прирачници – дефиниција за општинските акциони планови, презентации) и дејствуваше како предавач по 3 дневна обука за општинско енергетско планирање во Босна и Херцеговина (RERTC).

 

Posted in Енергетска ефикасност, Референци, Стратешки документи.

Саше нема био за сега