Енергетски контроли и енергетска ефикасност во згради – 6 месечна специјализирана обука за Агенција за енергетика на Република Македонија

[:en]Coming soon![:MK]Име на клиентот: АЕРМ

Датум (почеток/ крај): 12/2008 до 06/2009

Име на партнери: Машински факултет Скопје

Детален опис на проектот:

Обука за членовите на АЕРМ како и еден учесник од Министерството за економија. Програмата за работа беше реализирана од страна на овластени обучувачи, професори и доктори на науки, вработени од МАЦЕФ и Универзитетот. Секој од учесниците подготви елаборат и го бранеше / презентираше на наставниците и на пошироката јавност. Така, по успешното полагање, учесниците се здобија со сертификат издаден од МАЦЕФ и Машинскиот факултет Скопје.

Секој учесник е обучен да може да работи со дијагностичка опрема.

Наставата се одржуваше еднаш неделно по 2-3 часа.

Покрај наставата, секој учесник имаше можност да работи со индивидуални експерти, по 3 часа неделно со секој од нив. Ова особено се однесува на полето мерења и контрола на селектираните објекти.

Вкупниот циклус се реализираше во период од 6 месеци, во која беа вклучени теренски истражувања и подготовка на извештај подготвен за контрола на моќноста за одбраниот објект со целосна економска анализа и технички мерки за енергетска ефикасност.

Секој учесник доби 3 посебни специјализирани софтвери. Секој учесник доби прирачници и презентации во електронска форма.

Тип на обезбедени услуги:

  • Организацијата на обука
  • Подготовка на прирачници
  • Подготовка на презентации
  • Предавања
  • Реализација на практична обука со мерни инструменти
  • Обука за користење на софтвер посветена на определбата на енергетските карактеристики на објекти
  • Индивидуална работа со учесниците (за време на реализација на енергетската контрола на одделни објекти)
  • Подготовка на прашања за испитување
  • Реализација на испит за учесниците

[:]

Posted in Енергетска ефикасност, Обуки, Референци, Стратешки документи.

Саше нема био за сега