REACH – Намалување на потрошувачката на енергија со менување на навиките

ЗА ПРОЕКТОТ:
Енергетската сиромаштија не треба да биде проблем, ние треба само да делуваме кон нејзино намалување и отстранување.
Целта на REACH е да придонесе за намалување на енергетската сиромаштија на практично и структурно ниво.
Со овој проект сакаме да ги поттикнеме енергетско сиромашните домаќинства да преземат активности за намалување на сопствената потрошувачката на енергија и да ги променат своите навики , како и да се постави енергетската сиромаштија како прашање кое бара структурни решенија на локално, национално и ЕУ ниво.

ЦЕЛИ:

Проектот REACH има две основни цели:

  1. Да ги поттикне енергетски сиромашните домаќинства да преземат активности за заштеда на енергија и да ги сменат сопствените навики во однос на потрошувачката на енергија.
  2. Да се воспостави енергетската сиромаштија како прашање што бара политики и мерки скроени на локално, национално и ЕУ ниво.

Секоја од целите е поддржана со специфични секундарни цели кои овој проект се обидува да ги постигне:

  • да собере податоци за и да ја анализира ситуацијата во поглед на енергетската сиромаштија во четири земји, со цел да се формира дефиниција(и) за енергетската сиромаштија како и соодветни препораки,
  • да ги вклучи и да ги поттикне локалните актери за да се справат со енергетската сиромаштија,
  • да ги поттикне енергетски сиромашните домаќинства да ја намалат сопствената потрошувачка на енергија и вода и да се обезбедат некои од нив со понатамошна поддршка за справување со ваквите проблеми,
  • да се вклучат донесувачите на одлуки во справувањето со енергетската сиромаштија како прашање што бара структурни решенија по мерка, како и да им обезбеди препораки за решавање на проблемот за да се создаде платформа за заедничко дефинирање на структурни решенија на национално и на ЕУ ниво.

Стратешките цели на проектот се:

  • да се овозможат различни пристапи за намалување на енергетската сиромаштија, кои ќе можат да се применуваат и во другите региони, со цел да се започне слична акција и во други земји,
  • да се одржат веќе започнатите локални акции во пилот регионите на подолг рок и да се шират на други заинтересирани локалитети и земји со континуирана обука на енергетски советници во училиштата, континуирана имплементација на посетите, и промовирање на акцијата до различни организации и индивидуи во ЕУ,
  • да се осигура дека енергетската сиромаштија добива структурни решенија на локално, национално и на ниво на ЕУ.
АКТИВНОСТИ:

Енергетската сиромаштија е сериозен проблем кој се зголемува од ден на ден. Повеќето земји од ЕУ имаат воспоставено некој вид на механизам за промовирање на енергетската ефикасност, но овие механизми се главно за оние кои можат да направат некакви инвестиции. Од друга страна, во повеќето од земјите од ЕУ постојат субвенции кои се достапни за сиромашните домаќинства. Сепак, во повеќето случаи, ваквите субвенции изискуваат  премногу сложена барања и обемна документација.

Програмите за општото подигнување на свеста, за информирање или финансиската помош  не ги задоволуваат потребите на енергетско сиромашните домаќинства. Затоа е потребно да се прилагодат  овие механизми со повторно согледување на комуникацијата, советувањето и поддршката за домаќинствата кои се соочуваат со овој проблем.

Со оглед на овие фактори, REACH нуди низа активности кои ќе помогнат во справувањето со овие механизми и да се најдат нови решенија за енергетски сиромашните домаќинства и нивните потреби.

REACH ќе се фокусира на:

  • преглед на состојбата во областа на енергетската сиромаштија на национално ниво во земјите партнери, како и на локално ниво во пилот областите. Првично, проектот ги запознава партнерите со предизвиците на енергетската сиромаштија и решенијата во различни земји на ЕУ со цел да им помогне да добијат увид од областа на енергетската сиромаштија.
  • пренесување на знаењата и вештините од искусните партнери на наставниците, волонтерите и енергетските советници, кои пак потоа ќе вршат енергетско советување во енергетски сиромашните домаќинства.
  • активности кои што се потребни за да се посетат енергетски сиромашните домаќинства и да ги поттикне да ја намалат нивната потрошувачка на енергија и на вода. Овој процес вклучува бесплатно советување во врска со потрошувачката на енергија и наменски совети за користење на енергијата во енергетски сиромашните домаќинства.
  • воспоставување на енергетската сиромаштија како политичкo прашање  на кое што му требаат структурни и наменски решенија. Ќе бидат обезбедени политички препораки на национално и на ниво на ЕУ,  при што ќе се воведат и спој на активности за енергетската сиромаштија да се постави  на националната и ЕУ политичка агенда.

ЦЕЛНИ ГРУПИ:

Енергетски сиромашните домаќинства: енергетската сиромаштија ги погодува најмногу домаќинствата со ниски приходи – пензионери, со невработени или слабо платени членови на домаќинството, како и они кои се зависни од социјалната помош и бенефиции. Нивната незавидна економска неповолност често се совпаѓа и со лошата енергетска ефикасност на нивните домови.

Локални организации и индивидуи кои што може да помогнат во решавањето на енергетската сиромаштија: Оваа целна група е разновидна. Таа е составена од организациите за социјалната заштита / услуги за поддршка, локалните власти, социјалните советници, училиштата, локалните енергетски услуги, и други.

Донесувачи на одлуки на локално, национално и ЕУ ниво: Носители на одлуки се политичарите и членовите на јавната власт кои се способни да влијаат на политичките одлуки и мерки (градоначалници, членови на парламентот или локални / национални власти кои работат на конкретни прашања). Акцијата го продлабочува нивното разбирање на проблемот со енергетската сиромаштија и ги подготвува со голем број на можни решенија за решавање на проблемот.

Posted in Завршени проекти, Проекти.

Саше нема био за сега