Обуки

Видови обуки:

    • Прв степен – Oбука на администрацијата на локалната самоуправа за Законски обврски кои произлегуваат од Законот за локална самоуправа и Законот за енергетика : основни обврски од сектор на  енергетската ефикасност во јавните објекти и уличното осветление – можност за намалување на општинскиот буџет за енергија
    • Втор степен – Обука на администрацијата на локалната самоуправа за формирање на база на податоци и анализа на прибраните податоци и внесување во специјално приготвен софтвер за нивна анализа
    • Трет степен – Обука на администрацијата на локалната самоуправа за приготвување на програми за ЕЕ и акционен план за спроведување на мерки за енергетска ефикасност
  • Напредно ниво – Обука на енергетски контролори

Времетраење:
12 – 18 месеци во 3 фази во зависност од бројот на објектите во надлежност на локалната самоуправа, и напредно ниво во времетраење од 9 месеци – наставата се одржува два пати месечно со по 2 блок часови (вкупно 4 часа по видување)

Слушатели:
По можност слушателите треба да се со претходна техничка образовна подготовка за правилно совладување на материјата.

Изведувачи:
Обуката се реализира од страна на сертифицирани тренери на енергетски контролори, и тоа од: МАЦЕФ, Машинскиот факултет –Скопје, Градежен и Архитектонски факултет од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во соработка со норвешката компанија ЕНСИ – Енергџи сејвинг интернешенел.

 

Придобивки: 

  • Градење човекови ресурси кои ќе можат да одговорат на тековните енергетски предизвици со кои се соочуваат општините
  • Работа со специјализиран софтвер за преглед и анализа на податоци за потрошувачката на сите видови на потрошувачка на енергија во објекти
  • Бесплатно доделен софтвер – за внесување и евиденција на потрошувачката на енергија во објектите
  • Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за енергетска ефикасност на општините
  • Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за примена на обновливи извори на енергија
  • Намален буџет за плаќање на трошоците за енергија на ниво на локална самоуправа
  • Определување на предимство на објекти кај кои се неопходни итни мерки за ЕЕ
  • Спроведување на енергетски мониторинг
  • Поттикнување на граѓаните: позитивен пример од страна на локалната сампоуправа за стекнување на нови знаења и навики за рационално користење на енергијата
  • Целиот пакет е во согласност во Законот за енергетика и ЕУ директивите

 

 

Posted in Услуги.

Саше нема био за сега