GGF – Green for Growth Fund

Голем дел од вашиот профит отпаѓа на трошоци за енергија? Одговорот е во GGF – Green for Growth Fund!

Искористете ја можноста и направете добар потег за вашиот бизнис, заштедете пари, намалете емисија на CO2 гасови и природата ќе ви биде благодарна!

Од неодамна на пазарот во Македонија достапни се Еко кредит… за физички лица и Еко Плус кредит… за правни лица на ХАЛКБАНК. Тоа се кредити за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Кредитите ги финансира GGF – Green for Growth Fund или ГГФ – Зелено за развој и се наменети за финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, замена на системите за греење, поставување на сончеви панели, конверзија на природен гас и други обновливи извори. Финансираните проекти треба да постигнат најмалку 20% заштеда на енергија или намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Со цел да се обезбедат барањата на ГГФ проектите кои ќе се финансираат треба да се оценети со помош на енергетски контроли. Токму таа техничка помош и поддршка ја обезбедува МАЦЕФ. МАЦЕФ располага со консултантски тим наменет за техничка помош на проекти од кредитната линија ГГФ. Тимот од енергетски контролори на МАЦЕФ е составен од искусни инженери и професори кои посветено работат на проблематиката која ја опфаќа кредитната линија. Техничката поддршка и помош што МАЦЕФ ја нуди е БЕСПЛАТНА. Сите потребни мерки, проценки, спецификации, информации, контроли и техничка поддршка ви се на располагање преку канцеларијата на МАЦЕФ доколку се одлучите на заем од ЕКО кредитите на ХАЛКБАНК. Каматната стапка по која се достапни овие кредити е 7% со рок на отплата до 84 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци во износ од 500.000ЕУР или 100.000ЕУР за физички лица.

Posted in Проекти, Тековни проекти.

Саше нема био за сега