Програми за енергетска ефикасност и енергетски контроли

МАЦЕФ има направено повеќе од 10 програми за енергетска ефикасност и повеќе од 150 енергетски контроли на објекти со повеќе намени (резиденцијални, образовни, индустриски објекти, болници, административни простории итн.)

Програма за енергетска ефикасност на општина Центар

Во општинаcentar Центар постои значителен потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност во општинските објекти како што се училиштата, административните објекти, детски градинки, уличното осветление и други целни групи. Трошоците за енергија заземаат голем дел од буџетот на општината. Со цел да се намалат трошоците и потрошувачката на енергија и да се подобрат внатрешните услови на објектите за образование, култура и општинска администрација од една страна и уличното осветление од друга страна, потребно е истите да се реконструираат, целосно или делумно, и во нив да се применат мерки за енергетска ефикасност.

Главната цел на Програмата за Енергетска Ефикасност (ОПЕЕ) во општина Центар е да се намали потрошувачката на енергија во објектите под општинска управа и уличното осветление во општината, а со тоа да се подобри економијата во неа.


Програма за енергетска ефикасност на општина Аеродром

AerodromВо општина Аеродром постои значителен потенцијал за зголемување на енергетската ефикасност во општинските објекти како што се училиштата, административните објекти, детски градинки, во јавното осветление и други целни групи.

Нивото на смалување на потрошувачката на енергија, во однос на сегашната потрошувачка, изнесува 27 %.

 

 

 


Програма за енергетска ефикасност на општина Гази Баба

Gazi BabaСо оглед на можностите за издвојување на средства за финансирање на мерки за енергетска ефикасност направени се две сценарија ;СЦЕНАРИО 1 и СЦЕНАРИО 2) во кои е предвидена максималната сума на средства кои може да ги издвои општината за оваа намена.

Во Сценарио 1 предвидено е да се преземаат сите мерки за енергетска ефикасност предвидени за определени објекти.

Со Сценарио 2 предвидено е да се реализира иста мерка за енергетска ефикасност на поголем број објекти.

Јавното осветлување е едентично во двете сценарија.

Posted in Услуги.

Саше нема био за сега