Стручна литература

 


 

1.literregionalna

Име: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
Редактор: Проф. Д-р Константин Димитров
Едиција: Зборник на реферати и презентации
Датум: декември 2008, Скопје
Издавач: МАЦЕФ™-Центар за енергетска ефикасност на Македонија -Скопје

ISBN 978-9989-2176-7-0 

COBISS.MK-ID 75283210

Резиме: Зборникот содржи презентации и трудови од Меѓународниот форум на тема „Енергетска ефикасност – регионална соработка“ реализиран во рамки на манифестацијата Недела на енергетика – Македонија 2008, а се однесуваат на регионалната соработка во доменот на енергетиката, меѓународната помош, улогата на локалната самоуправа во постигнување на целите за енергетски заштеди и други теми поврзани со одржливост во енергетскиот сектор.


2.literevn

Име: ПРИРАЧНИК за Основни информации за енергија, енергетски извори и рационално користење на енергијата
Автори: Изготвено и прилагодено од страна на МАЦЕФ™ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија –Скопје, а во соработка со Проектот за развој на национално енергетско образование на САД.
Едиција: Основни информации за енергија, енергетски извори и рационално користење на енергијата, со акцент на електричната енергија.
Датум: декември 2008
Прирачникот се користи во Проектот за рационално користење на енергија на ЕВН Македонија.
Резиме: Овој Прирачник е изготвен со цел на децата од основното образование да им се овозможи пристапен дидактички метод соодветен за нивната возраст која опфаќа основни информации за енергија, енергетски извори и рационално користење на енергијата.


 

3.literenefost

Име : ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ТРОШОЦИТЕ НА ОПШТИНАТА
Автор: Проф. Д-р Константин Димитров
Соработници: Проф. Д-р Славе Арменски; М-р Благој Блажев; Проф. Д-р Миле Димитровски; M-р Огнен Димитров, дипл. маш. инж.; Проф. Д-р Предраг Поповски; Асс. М-р Доне Ташевски; Лилјана Хаџиева, дипл. маш. инж
Едиција: II Проширено издание
Датум: јуни 2008, Скопје
Издавач: МАЦЕФ™-Центар за енергетска ефикасност на Македонија –Скопје

ISBN 978-9989-2176-4-7

COBISS.MK-ID 73412362

Резиме: Целта на оваа книга е да помогне на заинтересираните да ги добијат првичните информации за можностите кои се реализираат со примена на мерките за енергетска ефикасност.
Ова издание е проширено со две поглавија и тоа во првото се прикажани можностите на програмата за сметачка машина, која ја нудиме на општините на користење, а во последното поглавие се наброени определени мерки со кои може евтино и ефикасно да се смали потрошувачката на енергија во објектите кои се во надлежност на локалната самоуправа.


 

4.litertolkov

Име: Германско-македонски ТОЛКОВНИК со стручни изрази од областа на енергетската ефикасност
Автор: Ѓеорѓи Трајановски, ЦИМ-ИФ експерт во МАЦЕФ
Стручни соработници: Страхил Панев, дипл. маш. инж.; М-р Македонка Димитрова
Едиција: Толковници, речници
Датум: април 2008 ,Скопје
Издавач: МАЦЕФ™-Центар за енергетска ефикасност на Македонија –Скопје
Печатењето е поддржано од: GTZ Deutsche Gesellschaft für technische Zusammenarbeit

ISBN 978-9989-2176-3-0

COBISS.MK-ID 72178186

Резиме: Tолковникoт претставува прв обид за толкување на технички изрази од областа на енергетска ефикасност од германски на македонски јазик. Тој содржи пошироки објасненија на некои технички изрази, но исто така и директни преводи на поедноставни изрази од сферата на градежништвото коишто се поврзани со тематиката.

 


5.liter

Име: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ и улогата на општината
Информативен прирачник
Автори: Проф. Д-р. Константин Димитров и Македонка Димитрова, MPPM Печатењето е реализирано со поддршка на Проектот за развој на образованието, имплементиран од страна на Академијата за развој на образованието (AED) и партнерите Индијана Универзитетот и МАЦЕФ (MCGO), со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД.
Едиција: Енергетска ефикасност и улогата на општината
Датум: мај 2007
Резиме: Информативниот прирачник содржи основни знаења и обука на лицата кои што имаат ингеренции и треба да донесуваат одлуки на општинско ниво поврзани за енергетска ефикасност, а при тоа имаат можности за:

a. да се намалат трошоците за задоволување на потребите за енергија на општинско ниво,
b. да се осигура заштитата на животната средина, и
c. овие активности да отворат нови работни места, или барем да обезбедат работа на постоечките фирми.


 

6.literturbini

Име: ТОПЛИНСКИ ТУРБИНИ
Автори: Проф. Д-р Константин Димитров, дипл.маш.инж. Огнен Димитров Едиција: Стручна литература; Книга за топлински (парни и гасни) турбини Датум: март 2005, Скопје
Издавач: МАЦЕФ™-Центар за енергетска ефикасност на Македонија -Скопје

ISBN 9989-2176-2-9

COBISS.MK-ID 60914698

Резиме: Во книгата се опфатени содржини наменети за студентите од Институтот за термотехника и термоенергетика при Машинскиот факултет- Скопје. Книгата вклучува и задачи кои на студентите им го олеснуваат разбирањето на оваа комплексна дисциплина.


 

7.litervoda

Име: ВОДАТА Е НЕЗАМЕНЛИВА И ОГРАНИЧЕНА
Автори: Проф. Д-р Константин Димитров, Лилјана Хаџиевска
Едиција: Водата е природно наследство чија вредност мора сите да ја знаат Датум: 2003 Скопје
Објавено со поддршка на: Алијансата за заштеда на енергија, а во соработка со Скопски саем и ЗЕЛС

ISBN 9989-2176-0-2

COBISS.MK-ID 53442314

Резиме: Книгата обработува содржини како што се: ресурси на вода во Република Македонија, потрошувачка на вода во Република Македонија, зошто е потребно да се штеди вода, како и каде може да се штеди вода, откривање на оштетувања на водоводни цевки со помош на софистицирана опрема и опрема за откривање на истекување на вода, како и лоцирање на цевководи и кабли под земја.


 

8.literenef

Име: ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Автори: Проф.Д-р. Константин Димитров
Соработници: Проф.Д-р. Арменски Славе, М-р. Блажев Благој, Проф. Д-р. Димитровски Миле, диплом.маш.инж. Димитров Огнен, Проф. Д-р. Поповски Предраг, Асс. М-р. Ташевски Доне, дипл.ел.инж. Хаџиева Лилјана
Едиција: Енергетска ефикасност и трошоците на општината
Датум: септември 2003 Скопје
Објавено со подршка на: МАЦЕФ™-Центар за енергетска ефикасност на Македонија -Скопје

ISBN 9989-2176-1-0

COBISS.MK-ID 53956362

Резиме: Наша цел и желба е оваа книга да помогне на заинтересираните да ги добијат првичните информации за можностите кои се реализираат со примена на мерките за енергетска ефикасност, патиштата кон таа цел, но не треба да се очекува дека тука се и одговорите на сите конкретни проблеми.


 

1.brovoda

Име: ЕФИКАСНО РАКОВОДЕЊЕ СО ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Редактор: Проф. Д-р Константин Димитров
Датум: октомври 2002, Струга
Издавач: МАЦЕФ™-Центарот за енергетска ефикасност на Македонија –Скопје
Печатењето е поддржано од: Алијансата за заштеда на енергија од УСД
Оваа публикација ги содржи презентациите, заклучоците и препораките од одржаната работилницата со работен наслов „Ефикасно раководење со енергијата и водата за пиење- соработка со невладините организации.


 

Posted in Документи, Публикации.