RePublic_ZEB

За повеќе информации, контактирајте не на: macef@macef.org.mk

English Version

За проектот

Членот 9 од Директивата за енергетски карактеристики (EBPD) го претстави концептот на „близу нула-енергетски објекти„ (nZEB):

„… до 31 Декември 2020, сите нови објекти се близу нула-енергетски објекти; и после 31 декември 2018, новите објекти, во сопственост или користење од страна на јавните власти се близу нула-енергетски објекти“.

Тоа претставува појдовна точка на РеПублик_ЗЕБ проектот кој се фокусира на енергија и СО2 емисии поврзани со постоечките јавни објекти и нивна обнова кон nZEB поради големиот потенцијал на енергетски заштеди. РеПублик_ЗЕБ работи низ целата Југоисточна Европа со единаесет партнери лоцирани целните држави и еден надвор од тој регион.

Главната цел на проектот е да:

  • Дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти.

Од то произлегуваат три основни цели:

  • Процена на базата на јавни згради по најнови принципи преку евалуација на потрошувачката на енергија и СО2 емисија направена во зависност од државата;
  • Дефинирање на референтни згради; и
  • Развој на заедничка рамка и хармонизирана методологија за дефинирање на nZEB концептот за јавни објекти

РеПублик_ЗЕБ ќе ги постигне тие цели преку следните шест работни пакети:

  1. Анализа на базата на јавни згради и дефинирање на референтни објекти
  2. Проценка на сегашната состојба и анализа на можностите за обнова на јавните објекти кон nZEB
  3. Анализа на трошоци и придобивки на „пакети на мерки“ за обнова кон nZEB
  4. Стратегии и насоки кон nZEB
  5. Комуникација и ширење на резултатите]

Проектни активности

Главните активности на проектот RePublic_ZEB вклучуваат:

Анализи на јавни објекти и дефинирање на референтни објекти

Собирање на податоци и анализи за потрошувачката на енергија на јавните објекти во секоја од посочените држави кое вклучува: греење, санитарна топла вода, ладење и осветлување. Анализите се тесно поврзани со целите на RePublic_ZEB и главно ќе се користат податоци од IEA, IEE и EASME, претходно познато како EACI (на пр. DATAMINE). Спроведената национална анализа на податоци ќе овозможи меѓудржавна споредба со цел да се создадат цели за енергетски карактеристики за различни типови на јавни објекти врз основа на нивната употреба, големина и работа. Овие референтни објекти ќе се користат како прототип за развивање на спектар од стандардни ефективни мерки (пакет мерки). Со тоа ќе им овозможи на партнерите да изготват целна група на јавни објекти кои ќе се користат како примери, со цел да се процени влијанието од примената на комбинација од мерки во текот на реновирањето. 

Проценка на моменталната состојба и анализа на можностите за реновирање на јавни објекти кон nZEB.

Со оваа активност ќе се идентификуваат најсоодветните градежни технологии на пазарот за да се достигне целта на nZEB за јавните објекти. Анализата на постоечките регулаторни рамки ќе погледне во идентификација на пречките, движечките чинители и најдобрите практики, како и интегрирање на резултатите од претходните ЕУ проекти (ENTRANZE, Annex 52 и Annex 53). Со цел да се создаде валиден збир на интервенции, ќе биде потребна соработка од индустриски професионалци. Најсоодветните градежни системи и технологии ќе бидат организирани во пакет мерки кои понатаму ќе бидат анализирани во следните активности.

Анализа на трошоци/добивки од „пакетите на мерки“ за реновирање до nZEB.

Со оваа активност ќе се изврши проценка на референтните објекти и пакетите на мерки во поглед на потенцијалната заштеда на енергија и трошоци. Секој партнер е одговорен да ги дефинира и примени најсоодветните методи и алатки со кои ќе ги утврди потребите од фосилно гориво и обновлива енергија и трошоците за секој пакет на мерки. Главната цел е да се зголеми довербата во рамките на градежната индустрија и да му се понуди на корисникот практична алатка за да ги избере најпогодните и оптимални технологии. Mожностa јасно да се претстават потенцијалните заштеди, треба да ги охрабри градителите да го промовираат процесот на реновирање до nZEB на сопствениците на јавни објекти.

Споредбата помеѓу државите ќе се спроведува за да се утврдат несигурности и да се овозможи да се изврши анализа на чувствителност. Како дел од тестирањето на резултатите исто така ќе се изврши и преглед на досегашните ЕУ проекти (Annex 52 и Annex 56) и студии (BPIE: Реализација на методологии за оптимални трошоци).

Стратегии и насоки кон nZEB

Оваа активност се фокусира на промоција и развивање упатства за забрзување на реновирањето на јавните градби и приближување кон стандардите за nZEB.Целната група за овие правила на работа ги вклучува: градежната индустрија, станбени организации, сопственици на група згради и развивачи. Активностите за промоција ќе бидат придружувани од група на препораки за политики за да се олесни реализацијата на nZEB стандардите во секоја земја. Предложените nZEB дефиниции и патокази ќе бидат развивани во соработка со соодветни креатори на политики. Прифаќање на оддоле-нагоре пристапот ќе ја поддржи практичната примена на nZEB што ќе резултира со мерливи резултати.

 Комуникација и проширување на резултатите

Активностите за проширување ќе го олеснат протокот на информации и размена на опции и идеи помеѓу партнерите со цел да се помогне при стратешкото планирање на проектите. Главната цел е да се зголеми видливоста на резултатите од проектот на локално, национално и Европско ниво преку серија на активности насочени кон проширување на резултатите.

Документи:

Правилник за енергетски карактеристики на згради

Документи од проектот:

Кратка презентација на проектот

Прелиминарна проценка на фондот на јавни згради

Методи и резултати за дефинирање на национални референтни згради

Извештај за националното спроведување на EPBD

Критериуми и принципи за дефинирање на нЗЕБ згради во ЈИЕ

Најдобри практики и пакети на мерки кон нЗЕБ

Национални претпоставки за пресметка на корисна енергија

Национални претпоставки за примена на Методологија за оптимални трошоци

Брошура на проектот

Информатор број 1

Информатор број 2

Posted in Завршени проекти, Проекти and tagged , , , .

Саше нема био за сега

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *