Streetlight EPC

Поттикнување на договори за енергетски карактеристики при проекти за реконструкција на улично осветление

01.04.2014-01.04.2017
Досега, во повеќето европски региони, договори за гарантирање на енергетски карактеристики (ДГЕК) не биле во можност значително да се развијат. Освен заради некои законски пречки, ова се должи на недостаток на разбирање и доверба во ДГЕК , отсуството на искусни ЕСКО без кои не може да се  развие пазарот на ДГЕК.
Уличното осветлување е добра основа за ” учење и тестирање ” за ДГЕК, пред се заради техничка и економска поедноставеност (во споредба со вистински развој на проект за ДГЕК). Неодамнешното воведување на пазарот на LED технологијата за улично осветлување нуди високи заштеди со релативно краток поврат на инвестицијата. Ова создава единствена можност да се обединат три различни цели во исто време :
• да се воспостави ДГЕК пазар што ке предизвика развој на пазар за овакви проекти
• да се  поддржи  пазарот на воведување технологии за ефикасно осветлување и
• Да се поддржат општините во намерата за “елиминација на”  не ефикасните светилки за улично осветлување, проекти кои вообичаено тешко може да се финансираат (според Регулативата на ЕК 245/2009 , речиси 80 % од сите светилки кои во моментов се користат за улично осветлување ќе бидат отстранети до 2017 ).
Проектот ќе создаде побарувачка и понуда за ДГЕК проекти во 9 региони, со обезбедување на некои олеснителни околности и услуги. Овие услуги ќе обезбедат сеопфатна поддршка и на општините (кои се оператори на улично осветлување ), со фокус на помалите општини , и на малите и средни претпријатија како потенцијални ЕСКО .
Како основна дејност , партнерите на проектот ќе имплементираат   36 ДГЕК проекти за улично осветлување во текот на времетраењето на проектот. Ова ќе овозможи зголемено знаење и доверба во  ЛЕД технологијата и други релевантни енергетски ефикасни светилки за улично осветлување, како и во самиот ДГЕК модел.
Проектниот тим вклучува 9 регионални агенции /организации кои ќе обезбедат поддршка на ДГЕК и 9 општини кои се обврзани за спроведување ДГЕК проекти. Дополнителни, 19 (потенцијални) ЕСКО дадоа писма за поддршка. Девете  региони кои покриваат повеќе од 4000 општини – ќе  овозможат создавање на критична маса за развој на дополнителни  помали и поголеми проекти.Вкупнниот буџет е 1 437 399 евра, од кои Европската комисија ќе кофинансира 75% или 1 078 049 евра.
Документи (притиснете го името на документот за да го преземете):

Конференција – Улично осветлување – LED можности, финансии, инвестиции

Презентациите погледнете ги тука!

Погледнете ја нашата галерија тука!

Настан „Законски и технички услови за улично осветлување – ДГЕК“

Презенациите погледнете ги тука!

Содржината на публикацијата е единствена одговорност на авторите. Публикацијата не ги одразува гледиштата на Европската Унија. Ниту ЕАСМЕ, ниту пак Европската комисија не сносат одговорност во случај на понатамошно користење на информациите содржани во оваа публикација.

iee_co-funded-horiz

Posted in Проекти, Тековни проекти.

Саше нема био за сега