Конференција: „Долгорочен развој на енергетиката во Македонија – Можности и пречки“

Конференцијата се одржа на 3-ти јуни 2016 г. во  хотел Stone Bridge, Скопје, во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС). Учествуваа реномирани експерти од Македонија, како и гости од Хрватска, Унгарија, Босна и Херцеговина и Косово.

Основна тема за дискусија беше:

Може ли во Република Македонија да се замени целосно производството на електрична енергија од фосилни горива со обновливи извори до 2050 година?

Причина за дискусијата е недостатокот на сопствени фосилни ресурси, ослободување од увоз на енергенти, ослободување од увоз на електрична енергија и придонес во заштитата на животната средина/климатски промени, со цел оваа проблематика да стане дел од редовните активности во нашето општество.

На конференцијата беше промовиран трудот:

„ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА“ – проф. д-р Константин Димитров, м-р асс. Огнен Димитров

“Decarbonisation of electricity production” – prof. d-r Konstantin Dimitrov, MSc ass. Ognen Dimitrov

Преземете го документот на следниот линк / See the document on the link below:

Македонски | English

Презентации:

„Климатски промени и енергија после Париз: Што понатаму?“ – проф. д-р Наташа Маркоска, ИЦЕОР-МАНУ 

„Како да се зголеми навлегувањето на обновливата енергија во енергетскиот систем“ – проф. д-р Невен Дуиќ, Факултет за машинство и бродоградба, Хрватска

„Декарбонизација на пазарот за електрична енергија до 2050 Утопија или реалност“  – проф. д-р Константин Димитров, МАЦЕФ

„Енергетска ефикасност и влијанието на климатски промени“ – проф. д-р Армин Тескереџиќ, Машински факултет, Босна и Херцеговина

„Резултати од модел за декарбонизација на секторот за електрична енергија во Западен Балкан“ – м-р Агнес Kелемен, Климаполитика Консултанти, Унгарија

„Насоки за постигнување на одржлив енергетски развој: глобални пристапи и сценарија“ – м-р Александар Дуковски, Агенција за енергетика на Република Македонија

„Развој на енергетскиот сектор во Косово“, Малик Пиреци, АКЕРЕЕ, Косово

„Анализа на сценарија и придонеси за ублажуавње на климатските промени во Македонија“ – м-р Александар Дединец, ИЦЕОР МАНУ

Posted in Настани, Новости.

Саше нема био за сега