Конференција „Улично осветлување – стекнати знаења и резултати“, проект Стреетлигхт–ЕПЦ

Конференцијата ќе се одржи на 04-ти октомври 2016 година во Салата на Советот на Град Скопје, воедно претставува втора конференција во рамки на проектот „Договори за гарантирање на енергетски карактеристики во улично осветлување“ (Streetlight-EPC) – финансиран од програмата Интелигентна Енергија Европа (Intelligent Energy Europe).

На конференцијата се поканети градоначалниците од сите 80 општини од Република Македонија, финансиски институции и приватни компании кои произведуваат, увезуваат и дистрибуираат опрема и светилки за улично осветлување и вршат одржување на истата.

Целта на конференцијата е да се презентираат стекнатите знаење и постигнатите резултати во изминатиот период врз база на направените истражувања за воспоставување на пазар во Република Македонија, за поттикнување на договори за гарантирање на енергетски карактеристики при реконструкција на системот за улично осветлување и осветлување на јавни објекти помеѓу општините и приватните компании.  Конференцијата е во организација на здружението МАЦЕФ и Град Скопје како проектни партнери во проектот „ДГЕК – улично осветлување“ (Streetlight-EPC).

Posted in Новости.