Регионална Конференција: Заштеда на енергија – Обработка на податоци

На 6ти јули 2017 година во Скопјесе одржа конференцијата „Заштеди на енергија – Обработка на податоци“, како дел од Хоризонт 2020 проектот мултЕЕ, организирана од МАЦЕФ, ГИЗ и Агенција за енергетика на Република Македонија.

Конференцијата се организира во време кога енергетиката зазема најважно место во агендите на земјите во светот, а за Македонија има особено значење бидејќи таа на енергетската ефикасност  гледа како на ресурс и можност за намалување на зависноста од увоз на енергија.

 „Особено важно е што на денешната конференција учествуваат претставници од неколку ЕУ земји и Македонија како единствен претставник од Западниот Балкан што соработуваат во изнаоѓање на ефективни начини и механизми за креирање, спроведување и следење на политики за енергетска ефикасност.“- изјави др. Кристине Д. Алтхаусер, амбасадорка на Германија во Македонија.

 „Овој проект е одличен пример за пренесување на најдобрите пракси развиени од ГИЗ во Југоисточна Европа кон земјите на ЕУ од 2010 година наваму. Исто така, претставува сведоштво дека регионот на ЈИЕ може да допринесе со “know-how” кон решавање на комплексни енергетски предизвици.“- изјави на отворањето г. Џејмс Макбет, директор на Регионалната канцеларија на ГИЗ.

 Оваа конференција претставува медиум преку кој научените искуства ќе се споделат со земјите во регионот што немале директно учество во проектот, а за да се овозможи долгорочно планирање во доменот на енергетиката најважни се квалитетни и веродостојни информации за потрошувачката на енергија.

Проф. др. Константин Димитров од МАЦЕФ заклучува дека „потребата од презицни влезни информации и нивна поширока стандардизација и прифатеност во регионот и земјите на ЕУ е од суштинска важност затоа што 1 % грешка во влезни податоци може да предизвика и до 10 % грешка во резултатите. Сите стратешки и локални акциски планови за развој на енергетиката се базираат на овие податоци. Затоа проектот МултЕЕ се насочи кон групирање на влезните информации, дефинирање на методите и процесот на собирање, идентификување на соодветни тела за чување и обработка на податоците и потврдување на веродостојноста како и контрола на квалитетот на влезните информации. Оттука ја нагласи потребата од внесување на оваа ефективна алатка во законската регулатива во Македонија и обезбедување на финансиска и техничка поддршка за спроведување на истата.“

 Г. Леонардо Заниер, претставник од Генералниот директорат за енергија на Европската Унија порача дека „еден од основните пристапи кон следење и управување со енергетска ефикасност на повеќе нивоа е преку добри пракси за регионална соработка, понатаму Урбаната Агенда (промовирана во мај 2016г.) која има задача да поттикнува партнерства за енергетска транзиција како и Повелбата на градоначалниците за развој на Акциски планови за енергетска ефикасност.“

На конференцијата земаа учество екперти и истражувачи во доменот на енергетиката од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Грција како и претставници од Енергетската заедница и Генералниот директорат за енергија на ЕУ. Од домашните говорници се обрати м-р Антони Пешев, претседавач со Собранието на Стопанската комора на Македонија и м-р Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија кој воедно претседаваше и со панел дискусијата насловена „Управување со податоци за енергетски заштеди во ЕУ и регионот на ЈИЕ со која се заокружи денешната конференција.

 За multEE:

 Проектот за следење и управување со енергетска ефикасност на повеќе нивоа (multEE) е овозможен од механизмот Хоризонт 2020 на ЕУ со цел да ја подобри доследноста и квалитетот на планирањето и спроведувањето на политики за енергетска ефикасност преку иновативни шеми за мониторинг и верификација, како и преку подобрена координација помеѓу различните административни нивоа.

 Иновативна пилот шема за следење и верификација на енергетските заштеди во моментов се спроведува во Хрватска и Македонија. Паралелно на пилот шемата, емисиите на CO2, потрошувачката на енергија и трошоците ќе бидат следени преку административните нивоа. Шемата овозможува истовремено интегрирано следење на националните акциони планови за енергетска ефикасност (НАПЕЕ) и останатите локални и регионални планови.

 Крајната цел на проектот е да предложи и прилагоди шема за имплементација во партнерските земји земајќи ги предвид постоечките решенија и ресурси.

 Иако мерките предложени од страна на multEE особено се однесуваат на плановите за енергетска ефикасност, тие исто така ќе имаат примена и во другите области на административните политики. Се предвидува дека иновативните алатки за собирање податоци и евалуација, како и подобрените механизми за координација, ќе дадат значителен придонес во сите домени на планирање на одржлива енергија и климатска политика.

Презентации:

 
Линк


 
Линк


 
Линк


 
Линк


 
Линк


 
Линк


 
Линк

Posted in Завршени проекти, Настани, Недела на енергетика Македонија, Новости, Проекти.

Саше нема био за сега