ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОНТРОЛОРИ ВО УСЛОВИ НА ЕПИДЕМИЈА

Почитувани овластени енергетски контролори,
Периодот на важење на вашите Овластувања за ЕК поминува, или ќе помине во кус рок.
Со преодните одредби во Законот за ЕЕ предвидено е на вашите ОВЛАСТУВАЊА ЗА ЕК да им се продолжи валидноста т.е. да добиете нова лиценца со важност до 31.05.2021.
За да ја искористите оваа можност и по електронски пат да добиете нова времена лиценца, во согласност со препораките на Министерството за економија потребно е да постапите на следниот начин:
– Носителот на важечко овластување за енергетска контрола треба да испрати e-mail до Министерство за економија, во кој ќе биде прикачено скенирано овласувањето за вршење на енергетска контрола,
– E-mail треба да се испрати до Бојана Стојчевска и до Горан Николовски на следните е-маил адреси stojcevskab@gmail.com и goran.nikolovski@economy.gov.mk
– Лицето кое ќе јa испрати е-mail пораката ќе треба да се идентификува за која фирма настапува, и да посочи e-mail на фирмата која поседува важечка лиценца, со цел да не се злоупотребуваат податоците;
– лицата за контакт од Министерството за економија наведени погоре, ќе ја достават електронската верзија на преодната лиценца на e-mail адресата на фирмата која поседува важечка лиценца,
– Доставувањето на оригиналните примероци на лиценците кои Министерството за економија ги подготви по службена должност ќе следи по завршување на вонредната состојба. При подигање на лиценците издадени по службена должност, носителите на важечки лиценци ќе имаат обврска оригиналниот примерок од претходно издадената лиценца да го вратат во Министерството за економија, со цел за нивно поништување.

Да резимирам: Испраќате е-маил до stojcevskab@gmail.com и goran.nikolovski@economy.gov.mk , со прикачен скенирана копија од сопственото важечко овластување!

Дополнување
1. Енергетските контролори кои не се вработени кај лиценцирани организации за енергетска контрола, во електронската порака подетално треба да наведат каде се вработени (општина, град Скопје, пензионер, странство и сл.) и да побараат да им се достави на личната електронска адреса
2. Енергетските контролори кои го немаат подигнато/добиено овластувањето за енергетска контрола, а ја завршиле обуката за Усовршување на ЕК во предвидениот рок, во својата пријава да ги наведат причините зошто не го добиле Овластувањето во текот на 2017/2018 година, а во Министерството за економија ќе ги разгледаат сите вакви поединечни случаи.
3. Енергетските контролори кои немаа можност да го продолжат овластувањето за ЕК затоа што не реализирале обука за усовршување од различни причини (отсуство во странство, не добиле на време информација за обуката, не с е организирала обука во периодот на важење на нивното овластување) во своите пријави треба да ги објаснат причините, а Министерството ќе решава за тие поединечни случаи.

За евентуални дополнителни прашања, ќе ви помогнеме во рамките на нашите можности и надлежност!
Ви пожелувам пред се добро здравје и многу работа после крајот на оваа епидемија!

Posted in Новости.

Саше нема био за сега