За нас // About us

МИСИЈА
Мисијата на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) е да ја зголеми енергетската ефикасност (ЕЕ) и заштитата на животната средина преку надградување на човекови капацитети, промоција и примена на мерки, совети и експертизи за енергетска ефикасност во соработка со владини институции, локални самоуправи, инженери, донаторски организации и екологисти на национално и регионално ниво.
ШТО РАБОТИМЕ
МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано во декември 2002 година.
МАЦЕФ е мулти дисциплинарно консултантско невладино здружение кое нуди интелектуални, технички и услуги реализација на проекти во полето на енергетиката и животната средина.
МАЦЕФ учествува во креирањето на енергетската политика и планирањето на развојот на енергетиката и енергетските ресурси, во развојот и промоцијата на научната мисла во доменот на ефикасното користење на ресурсите и изработува стратегии и спроведува акциони планови за енергетска ефикасност во единиците за локална самоуправа и пошироко.
ЧЛЕНСТВО
Центарот ги обединува инженерите, финансиерите, екологистите и економистите во заедничка активност пред извршните органи на државата за реализација на ЕЕ мерки  со цел ублажување на климатските промени. Со ова овозможува поцврста соработка, размена на искуства  и нови технолошки достигнувања меѓу членовите со сродни организации во странство како и поголема пристапност до меѓународни консултантски организации од кои се регрутираат експерти за консултантски услуги во регионални или меѓународни проекти.
Центарот за енергетска ефикасност на Македонија брои преку 60 членови, докажани професионалци во својот потесен делокрук, и тоа машински и електротехнички инженери, архитекти, технолози, аналитичари на јавна политика, економисти и лингвисти меѓу кои 1 член на Македонската академија на науките и уметностите, 9 факултетски професори, 14 доктори на науки и 5 магистри на науки, 17 сертифицирани енергетски контролори, 2 специјалисти за развој на ЦДМ проекти и повеќе А и Б категорија проектанти  и повеќе од 20 волонтери.

//

MISSION
The Macedonian Center for Energy Efficiency (MACEF) mission is to increase the Energy Efficiency (EE) and Envi­ronmental Protection by capacity buil­ding, identifying and implementing EE measures in the coope­ration with governmental insti­tutions, local self-government units, engineers, donor organization and ecologists  at national and regional level.
OUR SCOPE OF WORK
MACEF is voluntary scientific association, officially established in December 2002.
MACEF is a multi-disciplinary NGO consultancy, providing intellectual, technical and project management support services in the energy and environmental fields nationally and worldwide.
MACEF holds stake in the design of the energy policy and energy sector and energy resources development planning process, in the promotion of scientific achievements on efficient use of resources and develops strategies and implements action plans for EE in the local self-government unit and wider.
See the reference list
MEMBERSHIP
The Center unites the engineers, investors, ecologists and economists in joint action towards the executive policy decision makers at the Governmental level to increase the level of EE and help mitigate the climate changes. This process enables solid cooperation basis, experience exchange with kindred foreign organizations as well as better accessibility to consulting organization recruiting energy consulting services experts for international or regional projects.
The Center counts over 60 active members, all proven and well established experts in their particular field of work, among whom are mechanical, electrical, technological and environmental engineers, economists, public policy advisors and linguists. The membership structure includes 14 Doctors of Science, 5 Masters of Science, 17 certified Energy Auditors, 2 CDM applications development specialists, A & B licensed designers and over 20 volunteers. I would like to join MACEF.

See our Reference list here!

Organogram-MACEF