ЗА НАС

Центарот за енергетска ефикасност на Македонија– Здружение МАЦЕФ Скопје, основан во декември 2002. година, претставува доброволно, научно, мултидисциплинарно, непрофитно здружение, кое обезбедува интелектуални, технички и услуги за поддршка на управувањето со проекти во енергетската и еколошката област на национално ниво и пошироко. Нема интелектуални или финансиски врски со продавачите, производителите и изведувачите, не врши политички активности и средства за остварување на цели на политичките партии.
Здружението е составено од стално вработени експерти, консултанти со редовно присуство (in house consultants)  и над 30 активни членови ангажирани врз основа на кусо или долгорочни договори. Сите учесници се со висока репутација експерти во нивната област на работа:  машинство, електротехника, екологија, економија, советниците за јавна политика и лингвисти.

нашата мисија

Мисијата на здружението е да ги опфати кадрите кои дејствуваат во доменот на енергетската ефикасност,  рационалното користење на ресурсите и заштитата на животната средина и да ги здружи врз дисциплинарна и мултидисциплинарна кооперативна работа, размена на идеи од науката и праксата, за доброто на земјата и човештвото. Да придонесе да се подигне свеста дека со мерките за енергетска ефикасност, се овозможува одржлив развој на општеството и заштита на животната средина.

Нашата визија е да ја продолжиме традицијата од над 20 години дејност како водечко здружение со висока репутација во областа на енергијата, заштитата на животната средина и одржливиот развој. Да одржуваме и развиваме нова повисока компетентност во  соработка со научни и стручни институции во Македонија и пошироко

НАШАТА ЦЕЛ

Развој и промоција на научната мисла во доменот на ефикасното користење на ресурсите.
Рационализација при користење на енергетските постројки и енергентите.
Мерки за заштита на околината.
Учество во изработка на законска регулатива, стандарди, прописи и други акти од доменот на енергетската ефикасност и ефикасното управување со ресурсите.
Организирање тренинг курсеви, летни школи и обуки во доменот на енергетската ефикасност, ефикасното управување со ресурсите и обновливите извори на енергија.
Организирање симпозиуми, работилници, конгреси од доменот на нашата мисија.
Организирање симпозиуми, работилници, конгреси од доменот на енергетската ефикасност и ефикасното управување со ресурсите и поголемо искористување на обновливите извори на енергија.
Соработка со сродни организации од земјата и странство, во остварувањето на овие цели и задачи.
Поддршка на претприемачката дејност за примена на концептот на кружна економија.

ПРИДОБИВКИ

МАЦЕФ е партнер на единиците на локалните самоуправи и јавните објекти како што се министерства и болници, во напорите за зголемување на примената на мерки енергетска ефикасност, а со тоа намалување на климатските промени и обезбедување на комфорен живот за граѓаните.


Основач

Проф. д-р Константин Димитров, Член на претседателство, почесен претседател

Над 45 години професионално искуство во областа на енергетска ефикасност, комплексна енергија, заштита на животната средина, когенерација, примена на ОИЕ и дијагностички мерења. Автор на над 450 научни и стручни публикации и материјали во земјата и странство. Учествувал при изработка на стратегиски документи на државно и општинско ниво, подготовка на примарно и секундарно законодавство, развивање национални методологии усогласени со директивите на ЕУ. Пионер во организирање и реализација на обуките за ЕЕ за општините во Македонија, обуки за енергетски контролори, државна администрација.


Основач

MБА Јасминка Димитрова Капац, Претседател

МБА Јасминка Димитрова Капац, дипл.маш.инж, над 26 години искуство во енергетскиот сектор. Реномиран водач на тимови со можност за иницирање и управување со меѓу-функционални тимови и мултидисциплинарни проекти. Овластен енергетски контролор, користи различни дијагностички инструменти. Развива концепти за долгорочна декарбонизација за Западен Балкан, прогресивни политики и робусни патишта за енергетска транзиција. Тренер за енергетска ефикасност за администрација на локално и национално ниво и за обука на енергетски ревизори. Учесник во изработка на национални стратешки документи, законска и подзаконска регулативи и планирање на енергетската ефикасност на локално и регионално ниво.


Основач

М-р Огнен Димитров, Управен Одбор

М-р Огнен Димитров, над 22 години искуство во енергетика, дијагностички испитувања, термо технички инсталации, енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Учествувал во изработка на бројни студии, проекти, анализи на карактеристики на постројки, изведба на котлари за гасификација, улично осветлување, биокомпостари, ревизија и одобрување на Б-работни дозволи (животна средина) и сл. Овластен енергетски контролор и тренер при обука на контролори. Богато педагошко искуство како раководител на лабораторија за термоенергетика при Машински факултет (УКИМ) и асистент на Универзитет Американ колеџ.


Основач

МППМ Македонка Димитрова, генерален секретар

МППМ Македонка Димитрова (докторанд), универзитетски предавач за претприемништво, организациски развој и раководење со меѓународни дејности, е истражувач, обучувач, претприемач и консултант на развој на мали и средни бизниси. Над 20 години искуство во изготвување и реализација на стратешки програми и документи, поврзани со развојот на деловниот сектор, претприемништво, одржливост и финансиски ресурси за стартап компании. Има реализирано над 200 обуки за млади за отворање на сопствен бизнис, бизнис план, менторирање во развојна фаза, како и дигитално и социјално претприемништво и е автор на неколку прирачници за развој на бизниси.


Основач

Горан Капац, Дипл. маш. инж., Управен одбор

Горан Капац, машински инженер со 40 години работно искуство во областа на енергетика, термо технички инсталации, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и дијагностички мерења. Менаџер, Проект менаџер, главен инженер, консултант, надзор, и проектант на објекти во областа на градежни работи на машинска инсталација во РМ и пошироко. Учество во обука на  премин кон гасно гориво во енерганите, и согорување на останатите горива. Стекнато искуство придонесува при подготовката на понуди и меѓународни тендери, проектирање и изградба на големи комерцијални и индустриски проекти. Овластен енергетски контролор на згради.


Претседателство

Проф. д-р Тодорка Самарџиоска

Д-р Тодорка Самарџиоска е редовен професор на Градежниот факултет, УКИМ. Докторирала на Весекс Институтот на Универзитетот во Велс, Велика Британија, 2006 година. Учествувала во над 35 научноистражувачки проекти, автор е на над 150 научноистражувачки трудови, учебници и учебни помагала. Била продекан за настава, продекан за наука на Градежниот факултет;  од 2019 година е раководител на докторските студии по градежништво. Ментор е на повеќе од 140 дипломци, над 50 магистри и неколку докторанди. Aктивен соработник на МАЦЕФ е од 2005 година, со  ангажманот во областа на енергетски ефикасните објекти.


Управен одбор

Д-р Ѓорѓе Качурков

Д-р Ѓорѓе Качурков има повеќе од 40 години професионално искуство во научно-истражувачки работи, проектирање, надзор при градба и ревизија на проекти од областа на енергетиката, рударството, заштита на животната средина и безбедноста при работа. Насочен кон специјалистичка дијагностика на работењето на енергетската опрема и нејзиното одржување, особено вибродијагностика, термодијагностика и предиктивно одржување на комплексни постројки и опрема од областа на енергетиката, рударството и индустријата. Автор е на голем број научни и стручни публикации и реализирани проекти.


Дијагностички Испитувања

М-р Саше Паневски

М-р Саше Паневски, дипл.маш.инж., над 15 години искуство во енергетскиот сектор, заштита на животна средина, искористување на обновливи извори на енергија и управување со енергија. Овластен енергетски контролор со изработени над 200 енергетски контроли и 20 општински програми за енергетска ефикасност. Учесник во изработка на национални и локални стратешки документи. Обучувач при обуки за централната и локалната власт за користење на софтвер за ЕЕ, методологии за пресметка на заштеди од примена на мерки, како и рационално користење на енергијата.


Обучувач

Доц. д-р Саша Максимовски

Доц. д-р Саша Максимовски, д-р на економски науки и дипломиран електро инженер е со овластувања и сертификати од  областа на проектен менаџмет за инвестиции во енергетскиот сектор, инфраструктура, регионален и локален социо-економски развој. Предавач на обуки за енергетски контролори, локален и регионален соци-економски развој, ЈПП и за воспоставување на енергетски заедници. Развива модели на воспоставување на ЈПП и проектен менаџемент. Изработил бројни физибилити студии, извештаи, енергетски прегледи, кост-бенифит и социо-економски анализи и показатели на оправданост и успешност на проекти и инвестиции (NPV, IRR, payback и сл.).


Дијагностички испитувања

Даниела Трпкоска, дипл.маш.инж.

Даниела Трпкоска, дипл.маш.инж., над 15 години искуство во енергетскиот сектор, заштита на животна средина, искористување на обновливи извори на енергија и управување со енергија. Овластен енергетски контролор со изработени над 200 енергетски контроли и 20 општински програми за енергетска ефикасност. Учесник во изработка на национални и локални стратешки документи од областа на енергетиката, екологијата и економијата. Обучувач при обуки за централната и локалната власт за користење на софтвер за ЕЕ, методологии за пресметка на заштеди од примена на мерки, како и рационално користење на енергијата.





Scroll to Top