Градежни и технолошки процеси
МАЦЕФ располага со мерни уреди за вршење на енергетски контроли како и дијагностички мерења со кои прецизно може да се утврди следното:
- контрола на топлинска пропустливост на градежни објекти преку дијагностичко снимање со термовизиска камера
- континуирано регистрирање на температура и влажност на воздух со data logers
- континуирано регистрирање на температура на гасови, течности и цврсти материјали во технолошки процеси
- контрола на согорување (кпд) на котелска постројка со подесување на горилниците
- мерење на број на вртежи
- мерење на линеарна брзина
- мерење на влажност на воздух (дигитално, аналогно)
- мерење на ниво на осветленост
- мерење на ниво на звук
- мерење на диференцијален притисок
- мерење на брзина на струење:
a. во отворен простор
b. во климатизациони канали (контрола на проток на воздух)
- контрола на pH вредност и електрокондуктивитет на вода
МАЦЕФ располага со мобилни системи за мерење на состојбата во внатрешен и надворешен простор, кои регистрираат промена на состојба на мерени големини на секои 15 минути, во времетраење од повеќе месеци, и тоа на: температура, влажност на воздухот и нивото на осветленост.
По сите мерења се врши компјутерска обработка на податоците и се доставува извештај од мерењата во табеларна форма (EXCEL табели) или графички прикази, како и толковен дел од страна на обучени лица за ракување со мерната опрема и толкување на наодите.
Графички приказ од мерење спроведено во гимназијата „Мирко Милески“, општина Кичево.
Сликовен и графички приказ од мерење со термовизиска камера на зградата на основното училиште „Ѓоргија Пулевски“, општина Аеродром, Скопје.
Избор од мерната опрема:
- Термовизиска камера
Камерата располага со моќен инструмент за анализа , двоен приказ, ласерски одредувач на правец, визуелна камера така што претставува идеална алатка за дијагностички одржувања, мерења, како и контрола на објекти.
2. Универзален мерач на вредности со потреба од надворешна сонда, (пресметка, активен волуменски проток, диференцијална температура, пресметка на енталпија). Уредот е придружен од сонда за мерење на осветленост.
3. Мерач на ниво на звук во рамки од 32-80 db, 50-100 db како и 80-130 db.
4. Инструмент за мерење на проток на гас
5. Фото – тахометар за мерење на број на вртежи и линиска брзина од 50 до 10 000 врт/мин.
6. Анемометар за мерење на брзина на струење на воздух низ вентилациони канали и отвори и мерење на брзина на ветер. Опсегот на работна температура на инструментот е од -20 °C до +60 °C.
7. Термометар (-40 °C…+800 °C)
8. Термометар (-40 °C…+1200 °C)
9. Мерен инструмент за релативна влажност
10. HOBO® Температура/релативна влажност мерач-континуирано во подолг временски период
11. Мерач на електрокондуктивитет
Име Опсег
CDH-1x 10-1990 ppm
CDH-2x 10-1990 μS
CDH-3x 10-19.9 mS
12. Мерач на диференцијален притисок од 0-199,9 hPa
13. Инструмент за мерење на pH вредност на водата (киселост, базичност)
Опсегот на мерење на инструментот е од 0.00 до 14.00 pH.