[:en]Coming Soon![:MK]Име на клиентот: Светска здравствена организација
Датум (почеток/ крај): 03-05/2010; 07-10/2011
Детален опис на проектот:
Врз основа на брза енергетска контрола на голем број на клинички центри во Македонија, детална енергетска контрола е извршена на 2 клинички центри во Гостивар и Штип. Предложени се мерки за за ЕЕ и ОИЕ.
Предвидени се инсталација на соларни колектори, термостатски вентили, менување на прозорци и подобрување на изолацијата на цевки за греење.
Надзор на работите во врска со спроведувањето на мерките за подобрување на енергетската ефикасност во 2 болнички центри.
Мониторинг, верификација и оцена на намалувањето на енергетските и финансиските трошоци, како и утврдување на намалувањето на емисијата на CO2
Тип на обезбедени услуги:
· Брза енергетска контрола на 7 клинички центри во РМ
· Енергетски контроли на клиничките центри во Штип и Гостивар
· Економска анализа на предложените мерки за енергетска ефикасност
· Контрола и техничка ревизија на проектот
· Надзор на работите во областа.
· Следење на заштедата на енергија
· Евалуација на намалувањето на трошоците
· Утврдување на намалувањето на CO2[:]