Видови обуки:
- Прв степен – Oбука на администрацијата на локалната самоуправа за Законски обврски кои произлегуваат од Законот за локална самоуправа и Законот за енергетика : основни обврски од сектор на енергетската ефикасност во јавните објекти и уличното осветление – можност за намалување на општинскиот буџет за енергија
- Втор степен – Обука на администрацијата на локалната самоуправа за формирање на база на податоци и анализа на прибраните податоци и внесување во специјално приготвен софтвер за нивна анализа
- Трет степен – Обука на администрацијата на локалната самоуправа за приготвување на програми за ЕЕ и акционен план за спроведување на мерки за енергетска ефикасност
- Напредно ниво – Обука на енергетски контролори
Времетраење:
12 – 18 месеци во 3 фази во зависност од бројот на објектите во надлежност на локалната самоуправа, и напредно ниво во времетраење од 9 месеци – наставата се одржува два пати месечно со по 2 блок часови (вкупно 4 часа по видување)
Слушатели:
По можност слушателите треба да се со претходна техничка образовна подготовка за правилно совладување на материјата.
Изведувачи:
Обуката се реализира од страна на сертифицирани тренери на енергетски контролори, и тоа од: МАЦЕФ, Машинскиот факултет –Скопје, Градежен и Архитектонски факултет од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во соработка со норвешката компанија ЕНСИ – Енергџи сејвинг интернешенел.
Придобивки:
- Градење човекови ресурси кои ќе можат да одговорат на тековните енергетски предизвици со кои се соочуваат општините
- Работа со специјализиран софтвер за преглед и анализа на податоци за потрошувачката на сите видови на потрошувачка на енергија во објекти
- Бесплатно доделен софтвер – за внесување и евиденција на потрошувачката на енергија во објектите
- Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за енергетска ефикасност на општините
- Исполнување на законската обврска на општините за изработка на Програма и Акционен план за примена на обновливи извори на енергија
- Намален буџет за плаќање на трошоците за енергија на ниво на локална самоуправа
- Определување на предимство на објекти кај кои се неопходни итни мерки за ЕЕ
- Спроведување на енергетски мониторинг
- Поттикнување на граѓаните: позитивен пример од страна на локалната сампоуправа за стекнување на нови знаења и навики за рационално користење на енергијата
- Целиот пакет е во согласност во Законот за енергетика и ЕУ директивите