Проектот ОРМАК, во март 2019 година, започна со работота преку договор со Фондот за иновации и технолошки развој, со што и официјално почнува со исполнување на своите цели и предизвици.
МАЦЕФ е дел од конзорциумот кој ќе го спроведува проектот. Водач на проектот е компанијата Интербако ДОО Скопје, а освен МАЦЕФ, во проектот е вклучен и Машинскиот Факултет Скопје.
Претставувањето на прифатените проекти од Фондот за иновации и технолошки развој се оствари на 26.12.2018 г. во Музејот на современа уметност. Нашиот претседател, г-ѓа Јасминка Димитрова Капац присутвуваше на свечената церемонија, како претставник на МАЦЕФ.
Со вториот инвестициски бран од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија, #ФИТР поттикна инвестиции од 2 милијарди денари во проекти кои ангажираат над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари.
Повеќе од 130 компании од Македонија добија грантови за кофинансирање на нивните проекти, што е доказ дека Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигна, туку и ја надмина зацртаната цел.
Вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824.828.614.00 денари.